Светската фудбалска федерација (ФИФА), објави дека е направена промена во регулативата која се однесува на на позајмувањето фудбалери.
Од 1.јули оваа година до 31.јуни 2023 година, клубовите ќе можат да испратат најмногу осум играчи. Оваа бројка ќе се намали на седум во периодот 1.јули 2023 до 31.јуни 204 година и потоа на шест од 1.јули 2024 година.
Исклучок од ова правило ќе бидат само фудбалерите кои се помлади од 21 година и кои се продукт на клупските академии. Исто така ќе биде лимитиран бројот на фудбалери кои можат да бидат позајмени во ист клуб. Најмногу тројца фудбалери ќе можат да бидат испратени на позајмица во ист клуб. ФИФА, со новите правила, стави забрана на позајмица во „трет клуб“. Ова значи дека во текот на една сезона, нема клубот нема да може да ја раскине позајмицата и потоа играчот да го позајми во трет клуб.
Од новото правило најмногу ќе „страда“ Аталанта. Клубот од Бергамо во овој момент, на позајмици има 63. фудбалери, 24 од нив не се продукт на клупската академија, ниту се помлади од 21 година.
На второто место е Џенова со 37 фудбалери, кои играат како пзоајмени во други клубови. Следуваат Макаби Хаифа (30), Сасуоло (29), Макаби Тел Авив (28), Интер (26), Фиорентина (20), Динамо Киев (20), Милан (18), Наполи (17)…