Хрватската кошаркарска легенда Дино Раѓа во последото интервју за „Недељник“ отвори многу теми кои му се блиску – од кошарката која се играла во Југославија, неговата сакана Југопластика, до војната и Хрватите и Србите.
„Имам спремен одговор на секое такво прашање. Веќе ме здоболе к.рац за војната. За четниците, усташите, за антиваксерите и за сите луѓе со ограничена памет кои не ни даваат да живееме нормално. Ме здоболе кој прв почнал, кој повеќе згрешил. Одбивам да учествувам во тие приказни, кои се само храна за идиотите кои се најсреќни кога се мразат. Сакам луѓето да ги пуштат нормално да живеат. Се сеќавам дека во 1970-тите во Далмација најдраги гости ни беа Германците. Еј, Германците, со кои 25 години претходно војувавме ни беа драги гости. Самите бираме да живееме како кучиња, а не луѓе, и тоа ме убива. Затоа веќе нема да зборувам за тоа“, вели Раѓа.
Тој потоа се врати на носталгијата, кошарката во поранешната држава и Југопластика.
„Сигурен сум дека Југославија да останеше една држава ќе беше вечен европски шампион. Значи од 1989 до 2225 година никој немеша да се доближи. Мечот со Дрим тимот од 1992, тој би го загубиле. Ниту сите заедно. Но, тие понатамошни американски тимови, би било израмнето. Во текот на снимањето на серијата ‘Ла каса де папел’, директорот на фотографија го собира тимот и вели: ‘Мораме да бидеме како Југопластика’. Затоа отидов да го видам на премиера. Ете таков феномен беше Југопластика – кошаркарски Битлси“, додава Раѓа.