Англиската фудбалска лига (ЕФЛ) повика независни медијатори за да се реши спорот меѓу стечајниот управник на Дерби каунти и двата ривали, Мидлзборо и Вајкомб, спор кој може да донесе до ликвидација на славниот англиски клуб во следните 10 дена.
Стечајните управници се обидуваат да најдат итно 5 милиони фунти кои се потребни за да се доврши сезоната, бидејќи клубот има пари за функционирање само во следните 10 дена, но се соочуваат со барањето на Мидлзборо и Вајкомб – Вајкомб тврдат дека минатата сезона Дерби требало да испаднат а не тие поради прекршување на финансиските правила, додека Мидлзборо се жалат на губењето на местото за плејоф за влез во Премиерлигата во 2018/19.
Дерби остана без повеќе фудбалери овој месец откако стечајните управници организираа продажба, а во исто време шпекулациите во Англија велат дека поранешниот газда на Њукасл, Мајк Ешли е подготвен да го откупи клубот, но само кога ќе бидат разрешени проблемите со Вајкомб и Мидлзборо.