Top Sport

Семејството и домот на Камара во Фритаун под полициска заштита

Фудбалската репрезентација на Сиера Леоне, не успеа да се пласира во нокаут фазата на Африканскиот куп. Репрезентацијата, која во групата одигра нерешено со фаворизираните Брегот на Слоновата коска и Алжир, во последното коло доживеа пораз од Екваторијална Гвинеја.

Пласманот на Сиера Леоне во осмина-финалето го промаши 37-годишниот Кеи Камара. Искусниот напаѓач на ХИФК од Финска, во 85.минута не успеа да реализира пенал.

Бод од овој меч ќе значеше пласман на Сиера Леоне понатаму, вака завршија како петти во конкуренција на третопласираните селекции.

Навивачите тешко ја примија елиминацијата од Африканскиот куп. Медиумите од оваа земја објавија дека домот и семејството на Камара, во главниот град Фритаун, го чува полицијата.

Полицијата морала да преземе вакви мерки, откако бесните навивачи упатиле заканувачки пораки.

Scroll to Top