Верона на Игор Тудор стигна до 2:1 победа над Болоња на Синиша Михајловиќ во интересен хрватско-српски дуел во првиот меч од 23. коло во италијанската Серија А, а Никола Калиниќ беше човекот на одлука со голот во финишот на мечот.
Рикардо Орсолини ги донесе Болоња на Михајловиќ во водство уште во 14. минута од мечот, пред Џанлука Капрари да израмни за Верона на Тудор во 38. минута од мечот. Калиниќ, девет минути по влегувањето во игра, во 85. минута ги обезбеди трите поени за Хелас Верона.
Верона е на 9. место на табелата со 33 поени, додека Болоња е 13. со 27 поени.
Standings provided by SofaScore LiveScore