Синиша Михајловиќ (49) прв пат во тренерската кариера ќе работи надвор од Италија, откако потпишал три годишен договор со Спортнг Лисабон. Српскиот тренер на клупата ќе го наследи Жорж Жесус, а довербата на контроверзниот претседател на Спортинг, Брубо Де Карваљо, ја добил пред Матијас Алмеида и Петер Бош.
Михајловиќ, во Спортинг доаѓа во многу чувствителен момент, кога седум мина фудбалери побараа да ги раскинат договорите со клубот.
Спортинг зад себе има лоша сезона, низ првенството не успеа да избори пласман во Лигата на шампионите, а од Авес го загуби и финалето на Купот.
Поради тоа, но и испаѓањето во четврт-финалето во Лига Европа, десетина хулигани ги нападнаа играчите во клупскиот тренинг камп. Најлошо мина најдобриот стрелец Бас Дост.
Србинот е познат како темпераментен тренер, што од своите фудбалери бара челична дисциплина.
Времето ќе покаже како тој ќе функционира со не помалку темпераментниот претседател на Спортинг.
Михајловиќ во тренерската кариера работел во Болоња, Катанија, Фиорентина, Сампдориа, Милан и Торино, а една година (2012-2013) бил и селектор на Србија.