Top Sport

Барселона ќе го испрати Фати на нова операција

Повредата на Ансу Фати е сериозна, ќе паузира два или три месеци, а не како што се шпекулираше дека ќе отсуствува четири недели. Момчето кое ја наследи „десетката“ на Лионел Меси, се повреди во четвртокот, против Атлетик Билбао, во Купот на Шпанија.

Фати, одигра 40-тина минути, потоа побара измена и со солзи во очите го напушти теренот. Репрезентативецот на Шпанија го повредил бутниот мускул. Повредата не е сериозна како онаа кога го повреди левото колено, поради што отсуствуваше девет месеци, но не е ниту наивна.

Барселона се уште се нема огласено по повод повредата на Фати, но медиумите, повикувајќи се на извори од клубот, пишуваат дека на Фати ќе му биде предложено да оди на операција.

Операцијата би била извршена во Финска. Сепак одлуката треба да ја донесе фудбалерот во консултација со своите родители.

Ансу Фати, од почетокот на сезоната, во сите натпреварувања одиграл 10 натпревари, постигнал пет гола.

Scroll to Top