Англија, вечерва, ќе го одигра својот прв натпревар на 21.Светско првенство во фудбал, на кое „гордиот албион“ ќе настапи со најмладиот тим во својата историја.
Селекторот Герет Саутгејт, реши да ја подмлади репрезентацијата, па така секој играч во просек има само 19 настапи за Англија.
Јавноста сепак очекува висок пласман од националниот тим, поради што репрезентативците, преку Твитер, упатиле прекрасна порака до навивачите.
„Не дојдовме да играме, дојдовме да победиме. Многу ни значи вашата поддршка. Навивајте за секој од нас, дури и ако не се согласувате со изборот на селекторот, а ние ќе сториме се за вие да бидете горди на нас“, една е од пораките на навивачите.
Дуелот Англија-Тунис се игра од 20 часот во Волгоград. Во оваа група уште се и селекциите на Белгија и Панама.
Put your sound on. The #ThreeLions need you to hear this.#MondayMotivation pic.twitter.com/5mlQz2bQPZ
— England (@England) June 18, 2018