Top Sport

Меси се врати, Серхио Рамос со деби-гол за ПСЖ!

Пари Сен-Жермен со 4:0 го декласираше Ремс за да се врати на 11 поени предност пред второпласираната Ница, во меч кој беше одбележан со враќањето на Лионел Меси во тимот по позитивниот тест на КОВИД, но и со првиот гол во дресот на „светците“ на Серхио Рамос.

Марко Верати прв го отвори резултатот со гол во 44. минута, негов прв гол во последните четири години, по што „работата“ беше завршена во второто полувреме. Серхио Рамос во 62. минута по еден корнер се најде на вистинското место да зголеми на 2:0, за во следната минута во игра да врати Меси по долгата пауза.

Фаес си постигна автогол во 67. минута од мечот, пред Данило да го комплетира триумфот во 75. минута од мечот.

Standings provided by SofaScore LiveScore

Scroll to Top