Top Sport

Папата Франциск му испратил потпишан дрес на Меси

Еден од најдобрите фудбалери на сите времиња, Лионел Меси, добил потпишан дрес од папата Франциск. Дресот на напаѓачот на ПСЖ му го врачил монсињор Емануел Гобилардо, помошник бискупот на Лион и емисра на светата столица на Олимписките игри во Париз во 2024 година.

Поглаварот на римокатоличката црква, му возврати на Меси, откако играчот на „светците“, во октомври минатата година, му испрати потпишан дрес на ПСЖ со бројот 30.

Папата Франциск е Аргентинец, голем љубител на фудбалот и навивач на Сан Лоренцо од Буенос Аирес. Папата му се заблагодарил на Меси и ја поздравил неговата скримност.

Меси и Хорхе Берголио, кој стана папа во март 2013 година, се сретнаа во абгуст истата година во Ватикан.

 

Scroll to Top