Еден од најдобрите плејмејкери во историјата на НБА лигата, Џон Стоктон, е прогласен за непожелен на мечевите кои ги игра на домашен терен, неговиот поранешен универзитет Гонзага.
Стоктон е еден од жестоките противници на вакцинацијата, на мечевите на Гонзага редовно доаѓал без маска, поради што универзитетот реши да му го укине сезонските билети.
„Бараа да носиме маски на натпреварите, а бидејќи јас сум позната личност, некој кој лесно се забележува на трибините…поради што добија поплаки. Тогаш ми порачаа дека или ќе носам маска или ќе ми ги суспендираат сезонските билети“, открил Стоктон.
Џон Стоктон е жесток противник на вакцинацијата, шири разни теории на заговор, ставовите во кои го негира постоењето на коронавирусот ги кажал и во еден документарен филм.
На универзитетот Гонзага, Сотктон бил од 1980 до 1984 година. Потоа имаше неверојатна кариера во Јута Џез.