Top Sport

Шест лица загинаа во стампедо пред стадионот во Јаунде

Најмалку шест навивачи загинаа во стампедо, пред стадионот во Јаунде, пред почетокот на натпреварот Камерун-Коморски острови во Купот на Африка.

Стампедото се случило кога навивачите се обиделе да влезат на стадионот за да го гледаат натпреварот. Според извори од Камерун уште 40 луѓе се хоспитализирани од кои некои се во критична состојба.

Официјалните лица изјавиле дека капацитетот на стадионот, поради ковид мерките, бил намален за 80 отсто, односно на трибините им било дозволено присуство на 50.000 луѓе.

Камерун, успеа да се пласира во четврт-финалето со победата од 2:1.

 

Scroll to Top