Top Sport

ФИФА ќе ги казнува Мексиканците за песната: Кој не скока, тој е чилеански педер (видео)

ФИФА потврди дека покренала истрага против однесувањето на мексиканските фанови и нивните хомофобични извици при славната 1:0 победа над Германија во неделата.

Мексико стигна до шокантна победа со голот на Ирвинг Лозано на „Лужники“, додека на трибините тие користеле доста навредливи зборови, како „путо“ (курва) и „марикон“ (навредлив збор за хомосексуалец).

Песната на „Ел три“, која беше снимена и во центарот на Москва содржи стих: „Кој не скока, тој е чилеански педер“.

Ова не е првпат мексиканските фанови да се обвинети за хомофобија, откако на минатогодишниот Куп на конфедерации, исто така во Русија, добија финансиска казна.

Scroll to Top