Top Sport

Азар: Реал Мадрид знаат што треба да направат да ме добијат

Еден Азар вели дека Реал Мадрид знаат што точно треба да направат ако сакаат да го добијат неговиот потпис од Челси, зголемувајќи ги шпекулациите дека е незадоволен во Лондон.

Белгиецот инсистира дека е фокусиран на Светското првенство, но сака да има појасна слика дали Антонио Конте ќе остане на кормилото на Челси, пред да се обврзе кон клубот.

27-годишниот играч од средниот ред вели дека освоил „сè во Лондон освен Лигата на шампионите“, но додава дека е разочаран од слабата сезона во која загубија од Барселона во осминафиналето на ЛШ, а не успеаја да бидат сериозни во одбраната на титулата во Англија.

„Сакам да видам дали тренерот ќе остане. Ако остане, тогаш ќе биде подобро за клубот од минатата сезона. Не сакам да останеме за да бидеме посиромашен тим. Реал Мадрид би ме заинтересирале, цел свет го знае тоа. Но, ако овој клуб не ме сака повеќе, веќе нема да зборувам за тоа. Ако сакаат да ме купат, знаат што треба да направат. Мора да има проект. Во Челси уште имаме проект и две години од договорот, така што ќе биде лесно“, вели Азар во интервју за францускиот весник „Л’Екип“.

Фото: ЕПА

Scroll to Top