Денвер Нагетс ги победија Детроит Пистонс со 110:105, во натпревар во кој Никола Јокиќ влезе во историјата на НБА лигата.
Јокиќ, го предводеше својот тим со 28 поени, 21 скок и девет асистенции. Актуелниот МВП во лигата, стана првиот играч кој за помалку од 500 натпревари во НБА, забележал најмалку 5.000 поени и 3.000 скокови.
За овој подвиг му беа потребни 494 натпревари.
Српскиот репрезентативец оваа сезона има просек од 26,1 поени, 13,8 скокови и 7,6 асистенции.