Реал Мадрид, во неделата, во 92.минута избегна пораз од Елче. „Кралскиот клуб“ и покрај доминацијата на теренот успеа да избори само реми со аутсајдерот.
Најдобрата шанса за Реал ја имаше Карим Бензема. Францускиот репрезентативец, при резултат 0:0, не реализираше пенал. Вината за промашениот пенал ја презел тренерот Карло Анчелоти, смета дека погрешно го советувал.
„Моја грешка е промашениот пенал. Му кажав на Бензема дека противниците ги анализираат неговите пенали и дека би требало да ја смени страната. Го направи тоа и промаши. Требаше да молчам“, рекол Анчелоти.
Бензема е најдобар стрелец во Ла Лига со 17 постигнати голови.