Top Sport

Медведев од 0:2 до 3:2 и место во полу-финалето на АО

Данил Медвдев ја комплетираше листата на учесници во полу-финалето на Австралија опен. Тенисерот од Русија, со голем пресврт успеа да го елиминира Феликс Оже-Алијасим.

Медведев против Канаѓанецот беше на работ од бездната, губеше со 0:2, спаси меч топка и по четири часа и 38 минути игра успеа да победи со 3:2 (6/7, 3/6, 7/6, 7/5, 6/4).

Медведев подобри ги користеше брејк шансите и тоа го реши победникот. Русинот имаше само пет брејк шанси, искористи три, додека Канаѓанеџот од 11.топки за брејк искористи само две. Оже-Алијасим не искористи ниту една од петте брејк топки во петтиот сет, за разлика од Медведев кој до брејк шанса дојде во третиот гем од решавачкиот сет и веднаш ја искористи.

Светскиот број 2, по три часа и 25 минути игра, во десеттиот гем од четвртиот сет спаси меч топка.

Медведев во полу-финалето ќе игра против Стефанос Циципас, кој лесно во три сета го победи Јаник Синер.

Scroll to Top