Ливерпул подготвуваат понуда за Пауло Дибала доколку тој си замине од Јувентус како слободен агент во текот на летото, тврдат италијанските медиуми, иако посочуваат дека и Интер е меѓу фаворитите.
Пристигнувањето на Душан Влаховиќ во Торино, заедно со одложувањето на преговорите за нов договор со Дибала до февруари ги зголеми шпекулациите дека аргентинскиот број 10 на Јуве заминува од Торино.
Претходно беше најавено дека има склучено договор за нов договор со годишна плата од 10 милиони евра за Дибала, пред Јувентус неочекувано да ги стопираат преговорите пред јануарскиот преоден рок. Самиот Дибала го покажа незадоволството со тоа што не прославуваше еден гол за тимот и се верува дека сега ќе добие понуда со намалена плата.
Според „Спортиталија“ и „Тутомеркато“, Ливерпул подготвуваат понуда за да го донесат поранешниот фудбалер на Палермо во текот на летото, и се верува дека тој би го прифатил договорот, иако претходно ги одби Тотенхем минатото лето.