Ешли Барти, на големо задоволство на фановите во Мелбурн, избори пласман во финалето на Австралија опен. Светската број 1 за само 62 минути, во полу-финалето ја победи Медисон Киз со 6/1, 6/3. Барти на патот до финалето не загуби ниту еден сет.
Ешли Барти, во кариерата има освоено две гренд-слем титули (Ролан Гарос 2019), Вимблдон 2021), сега е на добра пат да стане првата Австралијка со трофеј на домашниот гренд-слем по повеќе од четири децении.
Последен пат финалистка во Мелбурн парк, Австралија имала во 1980 година (Венди Тумбул).
Барти за титулата ќе се бори против победничката од второто полу-финале, во кое ќе се сретнат Американката Даниел Колинс и Ига Швјонтек од Полска.