Фудбалерите на Шкендија го дознаа и можниот противник во второто квалификациско коло во Лигата на шампионите.
Ждрепката беше наклонета кон македонскиот шампион, кој доколку ја оправда фаворитската улога против Њу Сејнтс од Велс во првата рунда од квалификациите, во втората за противник ќе го има победникот од пресметката помеѓу Торпедо Кутаиси (Грузија) и Шериф (Молдавија).
Фаворит во овој дуел е шампионот на Молдавија.
Инаку Шкендија во првото коло првиот меч ќе го игра на домашен терен, на 10. или 11.јули, а доколку ја мине првата рунда, македонскиот првак ќе биде домаќин и на првиот меч од второто коло, на 24. или 25.јули.