Фудбалерот на Еспањол и на колумбиската репрезентација, Карлос Санчез доби директен црвен картон на мечот со Јапонија, прв на Мундијалот во Русија.
Тој по само 2:58 минути игра несфатливо реши да глуми голман и да ја фати топката при ударот на Осако, за словачкиот судија Скомина да му го покаже патот кон соблекувалната. Ова ја урна цела концепција на играта на Колумбијците и тие беа поразени со 2:1 од стабилната и опасна репрезентација на Јапонија.
Сепак, ова е само вториот најбрз црвен картон во историјата на Мундијалите, бидејќи рекордот останува кај Уругваецот Хозе Батиста. Поранешниот дефанзивец на Пењарол на мечот со Шкотска на 13 јуни 1986 година доби директен црвен картон по само 54 секунди игра за еден остар старт над Гордон Страхан.
Red carded after 2 mins 56 secs, Carlos Sanchez was the fastest sending off at the #WorldCup since Jose Batista went through Gordon Strachan 54 seconds into Uruguay’s game with Scotland at Mexico 86. #ColJpn
Here’s a minute of ?? Uruguayan magic, June 13, 1986… pic.twitter.com/1kmKYRjTSX
— Mexico86HQ (@Mexico86HQ) June 19, 2018