Top Sport

Децата на бразилските ѕвезда добија „бабушки“ (видео)

Популарните дрвени кукли на разделување, кај нас познати како „бабушки“, а во Русија како „матрјошки“ се вистински хит на Мундијалот, откако децата на бразилските фудбалери веќе се обезбедија со овие играчки.

На тренингот на „селесао“ во понеделникот во Сочи беа присутни и дел од децата на фудбалерите, кои очигледно веќе добиле на подарок од куклите.

Дел од производителите на куклите веќе изработија обоени кукли со фудбалерите од Мундијалот и англиската ѕвезда Хери Кејн, кој имаше совршен старт со два гола против Тунис во понеделникот, изјави дека би сакал да добие неколку откако ги забележал на Интернет, но имаше забелешка дека го правеле „малку дебел“.

Scroll to Top