Top Sport

Медвдев казнет пред финалето со Надал

Организаторите на Австралија опен го казнија Данил Медведев, поради жолчната расправија што ја имаше во текот на полу-финалниот меч со Стефанос Циципас.

Медведев, во финишот на третиот сет, му се налути на судијата Хаиме Кампистол, бидејќи не реагирал на „коучингот“ кој го имал Циципас.

„Гледај ме кога ти се обраќам“, му рекол Медведев нарекувајќи го пи..а, користејќи го изразот „мала мачка“.
„Нeговиот татко зборува на секој поен. Дали си глуп. О Боже. Ти со лош човек. Како можеш да судиш толку лошо ова е полу-финале на гренд слем турнир“, се само некои од прашањата што му ги поставил Медведев на судијата.

Поради овој испад организаторот го казни Медведев парично со 12.000 долари. Оваа сума ќе му биде одбиена конечната сума што ќе ја заработи на Австралија опен.

Медведев, утре, во големото финале за титулата ќе се бори против Рафаел Надал.

Scroll to Top