Трансферот на Душан Влаховиќ во Јувентус се уште е главна тема во италијанските медиуми. Поранешниот играч на „страта дама“, Бобо Виери, смета дека сега под голем притисок ќе биде тренерот Масимилијано Алегри, кој повеќе нема да смее да бара изговори за неубедливите партии на неговиот тим.
„Фудбалерот го избра еден од најважните тимови во светот. Сега Алегри мора да го натера Јувентус да игра фудбал. Она што досега го прикажуваше тимот не беше прифатливо за гледање“, рекол Виери и дополнил.
„Луѓето често го критикуваат Адреа Ањели, а тој пред две години го донесе најдобриот дефанзивец во светот Матијас Де Лихт, минатата година го донесе Федерико Кијеза, а сега го донесе Влаховиќ. Ова се квалитетни млади играчи, кои се подготвени да играат. Јуве мора да игра, да победува и да биде убедлив. Точка. Мората е одличен, тоа можам да ви го кажам. Знаете и сами кој го бара. Барселона на Чави“.
Јувентус, на табелата во Серија А се наоѓа на петтото место со 11 поени помалку од лидерот Интер.