Top Sport

Необична клaузула во договорот на Госенс

Робин Госенс, пред два дена, од Аталанта се пресели во редовите на Интер. Клубовите договорија позајмица, а потоа Интр ќе го откупи договорот на Германецот.

Германскиот новинар, Флоријан Плетенберг, открил дека во договорот на Госенс стои ретко видена клаузула.

Позајмицата на Госенс ќе трае 18 месеци, а не до крајот на сезоната. Интер ќе има обврска да го откупи договорот во сезоната 2022/23 откако ќе го постигне првиот гол во сезоната.

Откако Интер ќе го плати обесштетувањето, договорот на Госенс ќе важи до јуни 2026 година.

Scroll to Top