Top Sport

Лампард ќе го засили тимот со играч на Манчестер јунајтед

Френк Лампард се уште не е назначен за менаџер на Евертон, а медиумите во Англија објавија кој играч ќе ги засили „карамелите“.

Дони ван де Бек, фудбалерот на Манчестер јунајтед е на чекoр до преселба на „Гудисон парк“. Холанѓанецот, за кого Јунајтед платија 40.000.000 евра, никогаш не доби шанса да се докажа во Манчестер.

Во случајот Ван де Бек, најмногу ќе загуби Кристал Палас. Челниците на овој клуб две недели интензивно работеа на овој трансфер.

Ван де Бек во Евертон би се пресeлил до крајот на сезоната, а потоа Евертон мора да го откупи неговиот договор.

Scroll to Top