Адама Траоре се врати во Барселона, потврди вечерва клубот од „Ноу Камп“. Траоре, до крајот на сезоната како позајмен играч ќе го носи дресот на Барселона.
Клубот од „Ноу Камп“, по завршувањето на сезоната ќе може да го откупи неговиот договор за 30.000.000 евра.
Траоре е продукт на клупската академија, Ла Масија. Одиграл четири натпревари за првиот тим во 2015 година по што се преселил во Астон Вила. Во Англија покрај во Вулверхемптон настапувал и во Мидлсброу.
Најдобра форма во Премиер лигата имаше во сезоната 2019/2020, која ја заврши со четири гола и девет асистенции. Првиот дел од сезоната го заврши без конкретен учинок, без гол и без асистенција.
Adama 2.0#MadeInLaMasia pic.twitter.com/KQHwsRusWs
— FC Barcelona (@FCBarcelona_es) January 29, 2022