Милан во последните часови од преодниот рок ќе дадат понуда за фудбалерот од средниот ред на Тотенхем, Деле Али, тврди „Ла газета дело спорт“.
Тотенхем ќе ги добијат Дејан Кулушевски и Родриго Бентанкур на позајмица од Јувентус, така што 25-годишниот Али го сметаат за „вишок“, посебно бидејќи нема настап во Премиерлигата оваа сезона, а ја нема довербата ниту на тренерот Антонио Конте.
„Росонерите“ покрај за Али се поврзуваат со уште еден фудбалер на Тотенхем, Танги Ндомбеле, кого исто го посакуваат Рома, Пари Сен-Жермен и Лион, но неговата годишна плата од 7 милиони евра е превисока за италијанскиот клуб.