Top Sport

Пред финалето, Џим Готфридсон прогласен за МВП на ЕП

Швеѓанецот Џим Готфридсон е прогласен за МВП на Европското првенство во Унгарија и Словачка пред стартот на денешното финале во кое неговата репрезентација ќе се судри со актуелниот шампион Шпанија.

Готфридсон имаше 33 гола и 47 асистенции во досегашниот турнир и вторпат ја освојува оваа награда по 2018 година, кога Шведска загуби во финалето (од Шпанија).

Тој е третиот ракометар кој вторпат ја освојува оваа награда по Хрватот Ивано Балиќ (2004 и 2006) и Французинот Никола Карабатиќ (2004.2006).

Во идеалниот тим на ЕУРО 2022 се Данците Микел Хансен и Матијас Гидсел, исландскиот голман Виктор Халгримсон, Црногорецот Милош Вујовиќ, најдобриот стрелец на турнирот, Холанѓанецот Лук Стеинс, Шпанецот Алеиш Гомез и Германецот Јоханес Гола.

Scroll to Top