Top Sport

ПСЖ ќе го чекаат летниот преоден рок за да го донесат Дембеле

Доколку не се случи нешто непредвидено, Усман Дембеле, до крајот на сезоната, како гледач ќе ги следи натпреварите на Барселона. Француските медиуми објавија дека ПСЖ се повлекле од преговорите со Барселона. „Светците“ ќе почекаат да заврши сезоната за да го донесат Дембеле без обесштетување.

Ако Дембеле остане во Барселона, клубот нема да може да го доенсе Пјер-Емерик Обамејанг.

Барселона од ПСЖ барале 20.000.000 евра за Дембеле и еден играч (Ди Марија, Бернат, Икарди).

Спортскиот директор на ПСЖ, Леонардо, решил да се повлече од преговорите, со образложение дека е задоволен од тимот што го има на располагање тренерот Маурицио Покетино.

Особено бил задоволеn од офанзивната линија во која се Меси, Мбапе, Нејмар, Икарди и Ди Марија.

Последна шанса за Барселона за да се ослободи од Дембеле е Манчестер јунајтед. „Црвените ѓаволи“, веројатно ќе реагираат на трансфер-пазарот откако Мејсон Gринвид заврши во притвор.

Scroll to Top