Евертон потврдија дека Френк Лампард е нов предводник на тимот. Легендата на Челси, на клупата на клубот од „Гудисон парк“, го наследи Рафа Бенитез. Шпанецот доби отказ пред две недели поради катастрофалните резултати.
Лампард една година беше без работа. Тој во овој период минатата година, доби отказ во Челси. Преговорите што ги водеше со Евертон изминатите денови успешно ги заврши. Лампард потпиша договор до јуни 2024 година.
„Голема чест е да се води клуб со голема традиција каков што е Евертон. Со нетрпение чекам да почнам со работа. Почувствуват голема страст кај газдата и клупските директори. Екстремно е важно што истата страст постои и кај навивачите“, рекол Лампард позирајќи со дресот на Евертон.
Лампард го очечкува многу работа, „карамелите“ имаат само една победа во изминатите два месеци. Евертон се наоѓа на 16.место на табелата со 20 бодови.
Новиот менаџер доби две засилувања, како позајмени играчи до крајот на сезоната за Евертон ќе играат Ел Гази и Ван де Бек.