Хуан Мартин дел Потро прифати вајлд-карти за настап на Аргентина опен во Буенос Аирес и Рио опен во Рио де Жанеиро, за да го направи долгоочекуваниот камбек на тениските терени.
Поранешниот светски број 3 нема играно од Квинс Клаб во Лондон во 2019 година, по што беше на четири операции на десното колено. 33-годишниот поранешен шампион од САД опен, во моментов е 757. на АТП листата, и нема играно во Аргентина од 2006, кога имаше само 17 години.