Српските репрезентативци Немања Недовиќ и Василије Мициќ, заминаа од Уникаха, односно Жалгирис. Првиот кариерата ќе ја продолжи во Италија, а вториот во Турција.
Недовиќ од наредната сезона ќе биде играч на Армани Милано. Оваа информација за италијанските медиуми ја потврдил првиот човек на клубот Ливио Проли.
Недовиќ зад себе има одлична сезона, која ја заврши како втор најдобар стрелец во Евролигата.
Во кариерата бил играч на Црвена звезда, Лијетувас Ритас, Валенсија, Голден стејт Вориорс, а со српската репрезентација има освоено сребро на Олимписките игри во 2014 година.
Мициќ, слично како и Недовиќ имаше блескава сезона, во која со Жалгирис избори пласман на завршниот турнир во Евролигата. Жалгирис сезоната ја заврши на третото место.
Плејмејкерот кој со Србија минатата година освои сребро на Европското првенство со Ефес потпишал едногодишен договор со можност истиот да биде продолжен за уште една година.
Во кариерата играл за Мега Визура, Баерн, Црвена звезда и Тофаш.