Top Sport

Нови победи на Финикс и Голден стејт, пораз на Денвер

Минесота ги запре Никола Јокиќ и Денвер Нагетс, Финикс Санс ја забележаа 11.победа по ред, Голден стејт без најголемите ѕвезди го победија Сан Антонио, а Чикаго го искористија поразот на Мајами и се вратија на челната позиција во Источната конференција.

По победите во Детроит, Бруклин, Њу Орлеанс и Милвоки, Денвер Нагетс паднаа во Минеаполис. Минесота ги победи Нагетс со 130:115. Карл Ентони Таунс постигна 24, а Тајрон Принс 23 за Тимбервулвс. Денвер го предводеше Никола Јокиќ со 21 поен, 16 скока и осум асистенции.

Чикаго го искористија поразот на Мајами во Торонто (110:106) и со победата над Орландо 126:115, се врати на првото место во Источната конференција. Булс мечот го добија во последните пет минути со серија 11:0. Демар Дерозан го предводеше тимот со 29 поени.

Голден стејт без најголемите ѕвезди: Стеф Кари, Клеј Томпсон, Дрејмонд Грин и Ендрју Вигинс, забележаа победа во Сан Антонио 124:120. Вориорс во Тексес се вратиј а по негативата од 17 поени.

Тимот во кој имаше само девет играчи до победата го предводеше Џордан Пул со 31 поен, Дејмонд Ли постигна 21, а Моузес Муди 20 поени. Кај Сан Антонио се истакна Дежонте Мареј со 27 поени.

Финикс Санс, во дербито славеа победа над Бруклин Нетс 121:111. Франшизата од Аризона ја забележа 11. победа по ред. Бруклин без Кевин Дурент немаа шанси против лидерот во лигата.

Девин Букер постигна 35, Мајлс Бриџис 27, а Крис Пол 2о поени на кои придодаде 14 асистенции.

Нетс ги предводеа Кајри Ирвинг со 26 и Џејмс Харден со 22 поени и 10 асистенции.

Scroll to Top