Top Sport

Од Баерн во Црвена звезда за 2.500.000 евра

Немања Мотика, 18-годишиен фудбалер на баерн Минхен, кариерата ќе ја продолжи во Црвена звезда. „Билд“, објави дека клубот од Белград за трансферот ќе издвои 2.500.000 евра.

Мотика е роден во Берлин, доби повик да настапува за младинската репрезентација на Германија, но го одби повикот и се реши да го облече дресот на Србија. Трансферот на Мотика е еден од најголемите во историјата на најтрофејниот српски клуб.

Крилниот напаѓач не доби можност да дебитира за сениорскиот тим на Баерн, но играше сјајно за Б-тимот на Баварците, на 27 натпревари постигна 18 гола из абележа осум асистенции.

Во договорот на Мотика, постои клаузула дека Баерн за одредена сума може да го врати фудбалерот во Минхен, односно дека ќе има предност кога Црвена звезда ќе реши да го продаде овој фудбалер.

Scroll to Top