Пјер-Емерик Обамејанг, во последните часови од зимскиот преоден рок, најпрвин го раскина договорот со Арсенал, а откако ги мина медицинските тестови, потпиша договор со Барселона.
Обамејнаг од почетокот на декември, минатата година, не беше во тимот на Арсенал. Менаџерот Микел Артета му ја одзеде капитенската лента и го отстрани од тимот поради кршење на клупската дисциплина.
Арсенал со одлуката да го пушти Габонецот бесплатно да замине од клубот, во буџетот за плати заштеди околу 30.000.000 евра. Обамејанг имаше договор до јуни 2023 година, неделно Арсенал му плаќаа 420.000 евра.
„Бев капитен на Арсенал, со клубот се борев за трофеи и тоа засекогаш ќе остане во моето срце. Секогаш бев на 100 отсто кога играв за клубот и поради тоа жалам што заминав без можност да се збогувам. Но, таков е фудбалот. Жал ми е што не им помогнав на соиграчите во изминатите недели, но ја почитував одлуката на клубот. На Арсенал од срце му посакувам се најдобро“, им порачал Обамејанг на навивачите на Арсенал.
Обамејанг, во јануари 2018 година за 64.000.000 евра стана играч на Арсенал. За „топбџиите“ одигра 163 натпревари, на кои постигна 92 гола.