Top Sport

Гринвуд со кауција излезе од притвор

Младиот фудбалер на Манчестер јунајтед, Мејсон Гринвуд, со кауција излезе од притвор. Гринвуд заврши зад решетки, откако неговата девојка го обвини за физичко насилство и силување. Тој ќе биде на слобода додека трае истрагата.

Гринвуд првично беше приведен во неделата откако неговата 18-годишна девојка, Хериет Робсон, на социјалните мрежи објави вознемирувачки видеа, фотографии и аудио-снимки од физичкиот напад.

Веднаш по апсењето Манчестер јунајтед објави дека фудбалерот е суспендиран и дека нема да учествува во клупските активности додека трае истрагата.

Scroll to Top