Top Sport

ПЦР тестовите на Ѓоковиќ се валидни

Првото основно јавно обвинителство во Белград соопшти дека постапувајќи по кривична пријава, утврдило дека Новак Ѓоковиќ, повеќе пати бил тестиран на коронавирусот и дека сите потврди за резултатите на тестирањата на 16. декември и 22.декември. 2021 година биле валидни.

Обвинителството, објави дека на 12.јануари, од страна на потписникот „Будимир Гром“, по електронски пат била поднесена кривична пријава против НН лице, за кривично дело фалсификување на исправа.

„Во пријавата е укажано дека НН лица направиле фалсификувана исправа, потврда на ПЦР тест, која подоцна Новак Ѓоковиќ ја употребил за да добие медицински исклучок од вакцинација за да може да добие виза за влез во Австралија“, се наведува во соопштението.

Министерството за здравство, на 2.февруари, го известило обвинителството дека нивните инспектори утврдиле дека резултатите од тестирањата на коронавирусот се автентични.

Scroll to Top