Владата на Франција донесе нови мерки, кои се однесуваат на спортистите и лицата кои го прележале коронавирусот. Потврдата наместо досегашните шест, ќе важи четири месеци. Новите правила ќе започнат да се применуваа од 15.февруари.
Најновата одлука на француската Влада се уште ден удар врз амбициите на Новак Ѓоковиќ. Доколку не се вакцинира, светскиот број 1, нема да може да ја брани титулата на Ролан Гарос.
Ѓоковиќ имаше позитивен тест на коронавирусот на 16.декември минатата година, што значи дека потврдата нема да му важи за турнирот кој започнува на 22.мај.
„Ова правило ќе важи за сите, се додека не биде донесена нова одлука. Кога станува збор за Ролан Гарос, турнирот се одржува во мај. До тогаш можеби ќе има некакви измени доколку ситуацијата се подобри. Одлуката е таква што нема да има никакви изземања“, соопштија од Министерството за спорт.