Top Sport

Прогноза – Норвешка ќе освои најмногу медали во Пекинг

Утре во Пекинг ќе започнат 24. Зимските олимписки игри (ЗОИ). Во пресрет на Игрите, компанијата „Gracenote“, која се занимава со анализа на спортски податоци, објави прогноза околу распределбата на медалите.

„Gracenote“, предвидува дека најмногу медали на ЗОИ ќе освои Норвешка. Прогнозите се дека Норвежаните ќе доминираат во бијатлон и крос-кантри и дека ќе освојат 45 медали, од кои 22 ќе бидат со златен сјај.

За Норвешка е Русија, односно „Олимпискиот комитет на Русија“, Германија, САД и Канада.

Повеќе од 20 медали, според оваа прогноза би требало да освојат Шведска, Швајцарија и Холандија.

 

Scroll to Top