Top Sport

Зошто Зидан го одбил ПСЖ? Не сакал да се соочи со Реал Мадрид

Само со освоена титула во Лигата на шампионите, Маурисо Покетино, би можел да биде тренер на ПСЖ и наредната сезона. Аргентинецот, беше соочен со отказ и во зимскиот преоден рок, но главниот кандидат, Зинедин Зидан, ја одбил понудата. Решил да почека сезоната да заврши. „Ле Паризијен“, ги открива причините зошто Зидан, ја одбил можноста да седне на клупата на ПСЖ.

Зидан, кој со Реал Мадрид, три пати по ред ја освои Лигата на шампионите, не сакал да ги предводи „светците“ против Реал во осмина-финалето во Лигата на шампионите. Според „Ле Паризијен“, ова е главната причина што ја одбил понудата од Насер Ал-Келаифи.

Според овој извор, Зидан не сакал да биде тренер на тим во чија селекција не учествувал. Исто така на Зизу не му одговарал стилот кој го форсира ПСЖ во изминатите неколку сезони.

Наводно, Зиндан се сомневал дека со овој тим ПСЖ може да го елиминира Реал од Лигата на шампионите.

Scroll to Top