Македонија, Словенија и Црна Гора ја добија организацијата на Европското првенство за жени во 2022 година, одлучи Конгресот на ЕХФ во Глазгов.
Ракометните Федерации на трите земји ги исполнија критериумите и ги задоволија сите барања при инспекциите на ЕХФ во текот на изминатиот период, по што официјализирано е дека градовите Љубљана, Скопје, Целје и Подгорица, со своите арени „Стожице“, „Борис Трајковски“, „Златорог“ и „Морача“ ќе организираат по една од четирите групи во првата фаза од Првенството.
Љубљана и Скопје ќе бидат домаќини и на по една од групите во главната фаза, додека завршницата од Првенството ќе се игра во словенечкиот главен град.