Стен Вавринка не успеа да искористи неверојатни 12 брејк топки за да загуби од Сем Квереј со 7:5/6:7(3)/6:1 во второто коло на Квинс Клаб турнирот во Лондон
Швајцарскиот освојувач на три гренд слем титули, кој падна на 261. место на АТП листата по низата повреди, пропушти седум сет-топки при 5:4 во првиот сет и искористи само една од 13-те брејк топки додека Квереј доминираше на сервис и заврши со 25 аса.
Квереј, кој е шампион од 2010 ќе игра со подобриот од дуелот Марин Чилиќ-Жил Милер, кои играат во среда. Неговиот сонародник, Френсис Тиафоу стигна до првото АТП четврт-финале на трева со 6:4/2:6/6:4 победа над Аргентинецот Леонардо Маер.
Во Германија пак, на Гери Вебер опен во Хале, Русинот Карен Хачанов го „здроби“ седмиот носител Кеи Нишикори со 6:2/6:2 за пласман во четврт-финалето.
Хачанов, кој оваа година стигна до четвртото коло на Ролан Гарос, сега игра со Роберто Баутиста Агут, кој со 4:6/7:5/6:4 беше подобар од Холанѓанецот Робин Хасе. Прв носител во Хале е осумкратниот шампион од Вимблдон, Роџер Федерер, кој во четврток игра со Французинот Беноа Пер за четврт-финале.
Фото: ЕПА