Top Sport

Гудуриќ го провоцирал Месина, Ѓорѓевиќ спречи општа тепачка

Фенербахче, ја продолжи победничката серија и во исто време стави крај на успешната серија во која беа кошаркарите на Милано во Евролигата. Фенер славеа на крајот со 71:60 и останаа во трката за пласман во Топ 8.

Дуелот на теренот, но и по завршувањето на натпреварот го обележа Марко Гудуриќ. Стрелецот на 17 поени за Фенербахче, веднаш по последниот звук на сирената, нешто му дофрли на тренерот на Милано, Еторе Месина.

Кошаркарите на Милано и Месина реагираа на провокацијата, Карл Хајнс капитенот на тимот имаше обид физички да се пресмета со Гудуриќ. Тренерот на Фенербахче, Саша Ѓорѓевиќ, се обиде и на крајот успеа да спречи поголем инцидент.

На крајот и нему му „пукна“ филмот, започна да ги пцуе сите, а најмногу бекот на Милано Серхио Родригез.

 

Scroll to Top