Реал Мадрид не успеа да се пласира во полу-финалето, во Купот на Кралот. Атлетик Билбао со голот на Беренгер, го елиминираше Реал во 89.минута.
Играчите на Карло Анчелоти одиграа лош натпревар, константно беа под притисок на домашниот тим, на крајот попуштија во претпоследната минута. И овој натпревар покажа колкаво е влијанието на Карим Бензема во играта на Реал.
Ден по натпреварот, шпанските медиуми се занимаваат со работ кои се случуваа на клупата на Реал и со прес конференцијата која тренерот Анчелоти ја одржа по завршувањето на натпреварот.
Во преден план е реакцијата на Герет Бејл, кога Анчелоти го врати Еден Азар на клупата за резерви. Белгиецот се загреваше од почетокот на второто полувреме, но Анчелоти го прекина неговото загревање во 75.минута, со што му стави до знаење дека нема влезе на теренот.
Герет Бејл, кој последен пат настапи за Реал на 28.август, во моментот кога Азар се враќаше на клупата „умираше од смеење“.
— Hazard Xtra. (@HazardXtra) February 4, 2022
Анчелоти, на прес конференцијата се правдаше дека, имал намера да врши измени во продолженијата, до кои не дојде.
Италијанецот на клупата ги имаше Азар, Бејл, Јовиќ, играчи за чии трансфери Реал има платено 280.000.000 евра. На прес конференцијата, нервозно реагирал кога го прашале зошто некој од нив не добил шанса.
„Сакате да кажете дека тие се отпишани или казнети? Нема да ви одгворам. Зошто ги истакнувате само нив тројца, на клупата беа и Карвахал и Себаљос и тие не добија ниту минута. Сакав некој од нив да игра во продолженијата, не успеав, Атлетик дадоа гол на крајот од регуларниот дел“, рекол Анчелоти.