Фабричкиот тим на Јамаха, го претстави мотоциклот за новата сезона, со кој Фабио Квартараро ќе се обиде да ја одбрани шампионската титула. Покрај Квартараро за Јамаха ќе вози и Франко Морбидели.
Исто како и минатата сезона и оваа сината и црната боја се доминантни на моторот на Јамаха.
Новата сезона во Мото ГП шампионатот ќе започна на 6.март, со трката за Големата награда на Катар.
Првите претсезонски тестирања ќе бидат извршени на патеката „Сепанг“ на 5. и 6.февруари.