Чави Ернандез сепак ќе го користи Усман Дембеле до крајот на сезоната. Чави успаел да го убеди претседателот на Барселона, Џоан Лапорта, дека му е потребен секој фудбалер. Тренерот го пријави Дембеле за настапите во Лига Европа.
Дембеле, јасно им кажа на Лапорат и неговите соработници дека нема да го продолжи договорот, доколку клубот не ги прифати неговите барања. Според шпанските медиуми, Дембеле, барал годишна плата од 40.000.000 евра.
Во текот на преговорите Лапорта и спортскиот директор Матеу Алемани му се заканија на Дембеле, дека ќе седи на трибините доколку не ги прифати нивите услови. Францускиот репрезентативец не попушти, а не го прифати ниту предлогот да го напушти клубот во зимскиот преоден рок.
Челси и Тотенхем покажаа сериозен интерес за неговите услуги.
Тренерот Чави и покрај тоа што го делеше ставот на клупските челници, на крајот попуштил. Решил дека Дембеле ќе му биде потребен до крајот на сезоната.
Можно е тј да биде стартер, во недела, во дербито против Атлетико Мадрид.