Top Sport

Мадрид во знакот на Новак Ѓоковиќ

Постери со ликот на Новак Ѓоковиќ се залепени насекаде низ шпанската престолнина, Мадрид. На овој начин, организаторите на Мастерсот што се одржува во овој град, решиле да го промовираат турнирот.

Мастерсот во Мадрид на програмата е од 1.мај, тој е еден од турнирите кои му претходат на Ролан Гарос. Минатата сезона титулата ја освои Александар Зверев, кој во финалето го победи Матео Беретини.

Засега, поради целата ситуација со вакцинацијата, не е познато дали Ѓоковиќ ќе игра на овој Мастерс, на кој има три титули.

Scroll to Top