Top Sport

Пауел и Ковинготн во ЛА Клиперс, Бледсо во Портланд

Лос Анџелес Клиперс и Портланд Трејлблејзерс направија трејд, во кој разменија петмина кошаркари. Впечатокот е дека Клиперси подобро поминаа во оваа размена.

Нови кошаркари на ЛА Клиперс се Норман Пауел и Роберт Ковингтон. Од Лос Анџелес во Портланд се преселија Ерик Бледсо, Џастис Винсло и дебитантот Кион Џонсон. Портланд од Клиперси доби и пик од втората рунда на драфтот во 2025 година.

Норман Пауел игра одлична сезона, во Портланд имаше просек од 18,7 поени по натпревар. Добри бројки оваа сезона има и Ковингтон, 7,6 поени и 5,7 скока по натпревар.

Јасно е дека Портланд со овој трејд најавува реконструкција на тимот. Бледсо има просек од 10 поени, 4 асистенции и 3,4 скока по натпревар, додека скромни настапи сезонава имаа Винслоу (4,2 поени и 3,6 скока) и Џонсон (3,5 поени и 1,4 скока).

ЛА Клиперс пред два дена објавија дека најдобриот играч, Каваи Ленард, нема да игра до крајот на сезоната. Поради повреда за Клиперси не игра и Пол Џорџ.

Scroll to Top