Аргентинскиот тенисер Хуан Мартин дел Потро најави крај на професионалната кариера. Дел Потро, поради повреда не играше две и пол години. Оваа недела ќе игра на турнирот во Буенос Аирес.
Освојувачот на Ју-ес опен во 2009 година, најави дека турнирот во Буенос Аирес ќе биде последен во неговата кариера.
„Ова е една од најтешките пораки што ќе ја пренесам. Знам дека луѓето очекуваат да му се вратам на тенисот. Но, ова веројатно ќе биде збогум, а не враќање. Моето колено станува комар. Неколку години се обидувам, одам кај разни лекари, на разни третмани. Решение се уште не успеав да најдам. Никогаш не размислував да се повлечам од тенисот без можност да се простам на теренот. Не можам да замислам подобар начин за нешти такво од турнирот во Буенос Аирес“, рекол на прес конференцијата пред почетокот на турнирот, растревожениот Дел Потро.
„Откако ќе заврши оваа недела ќе видиме каква ќе биде мојата иднина. Ова е тешка одлука“.
Покрај трофејот на Ју-ес опен, Дел Потро на гренд слем турнирите играл полуфиналиња во Вимблдон и Ролан Гарос. Во 2016 година ја предводеше Аргентина до титула во Девис купот, а истата година на Олимписките игри го освои сребрениот медал. Има бронзен медал од ОИ во Лондон во 2012 година.
Во кариерата има освоено 22 титули.